Ќе им испраќа мејл: Иран со нови правила за бродовите што минуваат низ Ормускиот Теснец
Иран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, објави државната телевизија Прес ТВ, пренесува „Анадолија“.
Препорачано
Според новиот систем, сите бродови што имаат намера да поминат низ стратешки важниот морски премин ќе добијат електронска порака од адреса поврзана со тело наречено Управа за теснецот на Персискиот Залив (PGSA), во која се наведени новите правила и прописи за премин.
„Суверен систем за управување“
Според овие правила, бродовите ќе мора да добијат посебна дозвола за транзит пред да влезат во теснецот, кој се смета за еден од најважните центри во светот за транспорт на нафта.
Оваа иницијатива е опишана како „суверен систем за управување“ што сега е оперативен во Ормутскиот теснец, според извештајот.
Да ве потсетиме дека во Ормутскиот теснец се на сила два системи за регулирање на поморскиот сообраќај, едниот управуван од Иран, а другиот од Американецот, кој има за цел да обезбеди премин на бродовите низ теснецот. Сепак, транзитот на бродови низ Ормутскиот теснец е сè уште минимален, без индикации за враќање на ситуацијата пред почетокот на конфликтот.
Иран се закани дека ќе ja нападне американскaта морнарица ако влезе во Ормускиот Теснец


