Кјара направи хаос во Европа (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Во Германија се откажани стотина летови поради силната зимска олуја на северот на Европа, каде најмалку пет лица загинаа, причинета е голема шета, а десетина илјади домаќинства останаа без струја поради ветровите со ураганска силина, пренесуваат агенциите.

Во Германија под името Сабине, а на други места на нарекувана Киара, а на други места Киара, олујата се движи од западот кон истокот на континентот, поради што ги удри британските острови, ја зафати Франција и се шири источно до Полска.

Во Шведска еден маж загина, а по друг се трага поради тоа што им се превртел чамец додека рибареле, објави денес полицијата.

Метеоролошките служби предупредија и на високи нивоа на морињата на бреговите на Данска, Норвешка, Шведска и Финска.

 

Како што јавува ФАЗ, олујата Сабина предизвикала и голема шетета на франкфуртската катедрала. За време на ноќта се срушил кран и паднал на кровот на катедралата кој е оштетен. Кранот бил покрај катедралата бидејќи се работи на реновирање на кровот.

– Беше преопасно да го преместуваме по вакво време. Само сме среќни дека никој не е повреден – рекоа надлежните.

Зимската олуја насилно ја погоди Велика Британија, каде воздушниот, железничкиот и поморскиот сообраќај целосно се поремети поради силните дождови и ветрот со силина од над 130 километри на час.

Речиси 92.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а реките и потоците се излија.

Во едно село на северот на Велс е забележан ветер со силина од 150 километри на час.

И Германија се соочи со сериозни проблеми поради олујата, а поради неа беа затворени и автопати, застанаа возовите, а илјадници домови останаа без струја.

За цела јужна Германија беше прогласен втор највисок степен на предупредување, додека во покраината Баден-Вуртемберг и Баварија беше прогласен највисокиот степен.

На северот од Германија е прогласено издадено е предупредување за поплави ширум целиот балтички брег, но и во градовите Бремен и Хамбург. Бурата го подигна нивото на морето за речиси два метри во однос на просечната висина.

 

Со сериозни проблеми се соочија и жителите на Франција, Полска, Белгија, Словенија, Швајцарија, но и други европски земји. Во прилог, видеа од социјалните мрежи кои се доказ за силината на оваа временска непогода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот