Кишида: Јапонија не планира да стане членка на НАТО

Фумио Кишида / Фото EPA-EFE/NEIL HALL / POOL POOL

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека неговата земја не планира да стане членка на НАТО, но потврди дека постои план Алијансата да отвори канцеларија за врски во Јапонија, пренесоа британските медиуми.

Изјавата на Кишида доаѓа откако јапонскиот амбасадор во Вашингтон претходно овој месец изјави дека воениот пакт предводен од САД планира да отвори канцеларија во Токио, прва од ваков вид во Азија, за да ги олесни консултациите во регионот.

Канцеларијата за врски ќе ја олесни комуникацијата на Алијансата со партнерите како што се Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, првенствено во контекст на геополитичките предизвици како што се Кина и Русија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во јануари ја посети Јапонија и тогаш со премиерот Кишида вети зајакнување на врските во соочувањето со историските безбедносни предизвици, посебно осврнувајќи се на руската инвазија врз Украина и растечката воена моќ на Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот