Киро Здравев со контраобвинување кон Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ за изборот на Кацарска

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев вели дека се наоѓа во законодавниот дом, иако претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, обвини дека е срамно што тој не присуствува на седницата на која се разгледува изборот на судијката Добрила Кацарска за уставен судија, што е предлог на Советот.

– Јас сум во Собрание. Повеќе од очигледно е дека се крши уставниот принцип на поделба на власта на судска, извршна и законодавна, вели Здравев за Слободен печат.

Додека траеше седницата пратеникот Мицевски од говорницата истакна дека не е доблесно што Судскиот совет не го штити и образложува својот предлог.

– Очекував барем претседателот на Судскиот совет да ја каже биографијата на Кацарска за да дискутираме како пратеници. Срамота, рече Мицевски на собраниската седница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот