Шеин / Фото: Profimedia

Кинескиот онлајн гигант Шеин под истрага, продавал секс кукли што личат на деца

Кинескиот онлајн гигант Shein е под истрага во Франција откако на неговата страница накратко се појавија секс кукли што личат на деца. Француската влада ѝ се закани на компанијата со целосна забрана на пазарот откако беше откриено дека се продаваат бебешки кукли. Министерот за економија Роланд Лескир изјави за телевизијата RMC дека „границата е очигледно премината“ и предупреди дека Shein ќе биде блокиран во Франција ако се случи сличен инцидент повторно.

Случајот е пријавен кај судските органи, а се најавени и официјални истраги.

Министерот за економија Роланд Лескир изјави за телевизијата RMC дека „границата е очигледно премината“ и „Тие ужасни предмети се нелегални“.

Шеин брзо одговори, наведувајќи дека спорните производи се веднаш отстранети од платформата и дека е започната внатрешна истрага.

– Ја сфаќаме оваа ситуација исклучително сериозно. Таквата содржина е целосно неприфатлива и спротивна на вредностите за кои се залагаме – изјави портпаролот Квентин Руфат преку мрежата X, додавајќи дека компанијата ќе преземе итни корективни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот