Кина и порача на Индија да „остани мирна“ по објавувањето на контроверзната карта

Кина Индија граница / Фото EPA-EFE/STRINGER

Кина и порача на Индија да „остане мирна“ поради новата кинеска карта за која Делхи вели дека има претензии за нејзина територија.

Индија протестираше откако Пекинг ја објави мапата на која се прикажува североисточната држава Аруначал Прадеш и спорната висорамнина Аксаи Чин како територија на Кина.

Пекинг одговори велејќи дека неговите соседи треба да се воздржат од „претерано толкување“ на прашањето.

Во меѓувреме, извештаите на медиумите велат дека кинескиот претседател Си Џинпинг најверојатно ќе ги прескокне разговорите на лидерите на Г-20 следната недела во Делхи.

Непотврдени извештаи сугерираат дека наместо тоа ќе присуствува премиерот Ли Куанг. Си претходно потврди дека ќе отпатува во Делхи на состанокот од 9 до 10 септември – но кинеското Министерство за надворешни работи не го потврди неговото присуство кога тоа беше побарано на редовниот брифинг за новинарите во четвртокот.

Индија бесна откако Пекинг објави мапа на која нејзини територии се прикажани како дел од Кина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот