Кијану Ривс првпат во јавноста со девојка: Дали верувате дека Александра е помлада од него?

profimedia

Кијану Ривс (55) се појави на јавно случување со партнерката Александра Грант (46), што верувале или не, е неговото прво појавување со девојка некогаш!

Тие двајца присуствувале на „LACMA Art + Film Gala” која во саботата се одржа во Лос Анџелeс, во организација на модната куќа Гучи.

55-годишниот актер и 46-годишната уметничка, според пишувањата на магазинот „People” се најдобри пријатели и соработуваат веќе со години. За првпат соработувале заедно во 2011 година, на книгата на Кијану – „Ode To Happiness”.

Во 2016 година, повторно ги „здружиле своите сили” за книгата „Shadows” која Ривс ја напишал, а Грант ја илустрирала. Парот ја основал и издавачката куќа „X Artist’s Books” во 2017 година.

„Daily Mail” пишува дека Грант е првата девојка со која актерот позирал држејќи се за рака на црвениот тепих, во својата 35-годишна кариера.

Најсериозната врска досега му била со покојната Џенифер Сајм, која трагично загинала во 2001 година во автомобилска несреќа. Џенифер имала само 28 години.

Пред неколку месеци беше откриено дека Кијану ќе глуми во новото продолжение на „Matrix”, како и во филмот „Bill & Ted Face The Music” идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот