Киев планира да изгради четири нови нуклеарни реактори

Украина знаме / Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Украинските власти денеска соопштија дека годинава планираат да изградат четири нови нуклеарни реактори во нивната централа Хмељницки, за да ја компензираат загубата на електрична енергија од Запорожје, најголемата електрана во Европа, која беше окупирана од руските сили во март 2022 година.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко изрази уверување дека Киев ќе ја врати контролата врз електраната во Запорожје, истакнувајќи дека е невозможно да се предвиди во каква состојба ќе биде.

Таа електрана, која претходно произведуваше 20 отсто од електричната енергија во Украина, постојано беше цел на напади и прекини во снабдувањето со електрична енергија потребна за ладење на реакторите, иако тие не работат. Москва и Киев меѓусебно се обвинувања за тоа.

Електраната „Хмељницки“ е во релативно безбедниот западен делна земјата, но сепак е цел на руски напади.

Со дополнителни реактори, таа електрана ќе стане „најголема во Европа и уште посилна од онаа во Запорожје“, рече Галушченко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот