КФСМ чести: Влезот за Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ е слободен

Македонската кошаркарска федерација уште еднаш ќе им излезе в пресрет на сите љубители на кошаркарскиот спорт.

За натпреварите од новото издание на Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во кои ќе се сретнат најдобрите екипи од минатата натпреварувачка сезона, а ќе се играат на 28. септември (среда) во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, влезот ќе биде СЛОБОДЕН.

Предвидено е да се играат натпревари во женска и во машка конкуренција.

Во првиот натпревар, од 17.часот, ќе се сретнат актуелниот шампион, екипата на Бадел 1862 и освојувач на Купот, Баскет Кам 2011.

Натпреварот во машка конкуренција, во кој ќе играат државниот првак, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, и освојувачот на националниот Куп, ТФТ, ќе стартува од 19.30 часот, а натпреварите ќе бидат директно пренесувани на МРТ 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот