КФМ им додели специјално признание на хероите од Литванија

Пред десет години, Македонија го освои четвртотото место на Евробаскетот/ фото: КФСМ

Кошаркарската федерација на Македонија при изборот на најдобрите во мак баскетот за 2021 година, им додели специјално признание на репрезентацијата од 2011 година која го оствари најголемиот успех на едно ЕП во историјата од осамостојувањето на Македонија.

На самиот почеток од свечената церемонија на прогласување на најдобрите, признание добија кошаркарите кои го освоија четвртото место на Европското првенство пред десет години.
На церемонијата се појави голем дел од членовите на тој тим, како и стручниот штаб предводен од Марин Докузовски и членови на тогашното раководство.

Антиќ, Мекејлеб, Илиевски, Гечевски, Чековски, Војдан, Дамјан… засекогаш ќе бидат запишани со „Златни букви“ во македонската спортска историја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот