Кети Пери за прв пат на прошетка после породувањето! (ФОТО)

Instagram
Instagram

Пејачката Кети Пери беше фотографирана рано изутрина како купува кафе и намирници во локалната продавница во Малибу. Ова е првпат јавноста да има можност да ја види откако ја роди ќерката Дејзи Блум.

Кети се породи на 27 август годинава, само еден ден пред да го објави својот нов студиски албум „Smile“.

Новите фотографии ја покажуваат ѕвездата во весело расположение, видливо среќна. Таа носеше опуштен зелен фустан, капа, очила за сонце и заштитна маска.

профимедиа

Да потсетиме, Кејти најпрво ја објави веста за нејзината бременост со актерот Орландо Блум на почетокот на март, во спотот за песната „Never Worn White“. Двојката подоцна потврди дека очекуваат девојче.

Обожавателите првично очекуваа Кети да ја именува својата ќерка Дејзи поради истоимениот сингл од нејзиниот претстоен албум „Smile“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот