Ќерката на Том Круз без него го прослави 13. роденден, а тој се уште не сака да ја види

Сури Круз е ќерка на популарните глумци Том Круз и Кејти Холмс, а пред неколку дена таа наполни 13 години.

Прославата поминала без појавување на нејзиниот татко Том, кој веќе шест години одбива да ја види и да има било каков контакт со неа.

Сури беше фотографирана со пријателките како излегува од ресторанот во Њујорк во кој го славела роденденот. Таа и нејзиниот татко заедно поминале само неколку години додека била мала, после што ја напуштил објаснувајќи дека неговата вера во саентологијата не му дозволува да се гледа со неа.

Сури расте без својот татко, кој не го видела во последните шест години. И покрај тоа што во животот и недостасува фигурата татко, Сури е весело девојче кое е опкружено со љубов од остатокот од семејството.

Том Круз е инаку еден од најголемите следбеници на оваа вера, која многумина ја нарекуваат култ. Тој во повеќе наврати истакнал дека саентолошкото учење во животот многу му помогнало и дека е горд на таа религија. Во целата таа приказна го воведе неговата прва сопруга Мими Роџерс, а поради таа религија му пропадна бракот со Кејти Холмс.

Неговата опседнатост со оваа религија многумина ја сметаат за чудна, а глумецот ретко се огласува за својот приватен живот, така што се уште не е познато дали прекинот на комуникацијата со ќерката го погодува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот