Ќерката на Раде Шербеџија е во врска со српски актер: Тој е мојата прва љубов!

instagram

„Пред пет години, тој играше во претстават во Бриони, но ние започнавме да се гледаме дури  минатата година“, рече таа во август 2019 година за хрватската „Глорија“

Ќерката на Раде Шербеџија (74), Нина Шербеџија (27) веќе подолго време е во врска со српскиот актер Филип Ѓуриќ (34).

Profimedia

Станува збор за еден млад уметник кој неодамна беше награден за најдобра улога на 55. Филмски средби во Ниш, за неговото учество во филмот „Мојата утринска смеа“.

Нина и Филип се во врска од јануари 2018 година, но досега се немаат појавено заедно на јавни настани.

Меѓутоа, во една прилика, кога Нина зборувала за 73-от роденден на нејзиниот татко, таа истакнала дека е емотивно исполнета.

Profimedia

„Некои велат дека тој е актер, но тој претпочита да го нарекуваат гејмер (се смее). Тоа е моето прво момче во животот“, изјавила Нина.

Иако имаше забележителни улоги во сериите „Синѓелиќи“ и „Група“, Филип во тоа време не беше премногу познат на пошироката јавност.

Според изворот, Раде и неговата сопруга Ленка Шербеџија се воодушевени од изборот на нивната најстара наследничка и добро се сложуваат со Филип, кој повремено останува со нив во Хрватска, тврди Курир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот