Кери од Брисел: Оваа декада е клучна за климатските промени, договорот од Париз сам по себе не е веќе доволен

epa09063662 US Special Presidential Envoy for Climate John Kerry speaks prior to a meeting with European Commission vice-president in charge for European green deal Frans Timmermans in Brussels, Belgium, 09 March 2021. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Специјалниот претставник на САД за климатски прашања, Џон Кери, попладнево пристигна во Европската комисија за да разговара со европските партнери за глобалната климатска стратегија.

Пред да им се придружи на еврокомесарите за редовниот неделен состанок, Кери се обрати кусо пред новинарите.

Тој изјави дека светот се наоѓа во вонреден економски момент кога треба да се развиваат и експлоатираат новите технологии кои ќе овозможат ефективна борба против климатските промени и порача дека САД „нема подобар партнер од Европа”.

-Мораме да се усогласиме, ниедна земја нема да ја реши кризата сама, ќе треба и владите, и граѓанското општество и приватниот сектор, трилиони долари и евра ќе бидат потребни, но сите економски анализи покажуваат дека поскапо ги чини граѓаните да не одговориме на предизвиците отколку да одговориме, рече Џон Кери од Брисел.

Претставникот на американската администрација потсети дека претседателот Бајден планира самит посветен на климатските прашања за да се зајакнат амбициите.

-Договорот од Париз сам по себе не е веќе доволен, сѐ уште гледаме глобално затоплување дури иако правиме сѐ што е зацртано во овој договор, а не го правиме тоа, прашање на здрав разум е да се одработи работата, науката ни вели дека оваа декада, 2020-2030, мора да биде декада на акција, додаде Џон Кери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот