Кери Лам: Опозицијата да не го демонизира и стигматизира новиот закон за Хонгконг

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам изјави денеска дека се надева оти опозицијата нема да го „демонизира и стигматизира” новиот закон за национална безбедност, бидејќи тоа би значело спротивставување на граѓаните.

„Луѓето во Хонгконг сакаат да видат стабилност и безбедно опкружување каде ќе можат да работат и да живеат повторно, изјави Лам, додавајќи дека „луѓето се презаситени од насилство и странски интервенции во градот”.

Таа посочи дека Хонгконг е дел од Народна Република Кина, но дека не постојат механизми за заштита на националната безбедност, потенцирајќи дека „тоа не е ризик само за над седум милиони луѓе во Хонгконг, туку и за 1,4 милијарди луѓе во целата земја”.

Аналитичарите сметаат дека законот е напад врз принципот „една земја, два система”, во кој Кина му вети на Хонгконг висок степен на автономија и слобода.

Во мај кинескиот Парламент го одобри усвојувањето на законот за национална безбедност во Хонгконг, кој има за цел да ги потисне терористичките и странските интервенции во градот по неколкумесечните антивладини протести минатата година.

Антивладините протести во Хонгконг престанаа за време на коронавирусот, но се одржаа повторно во последните неколку недели, иако мерките за физичко растојание се уште се на сила.

Лидерката на Хонгконг рече дека мерките постепено ќе се олеснуваат, а од четврток нема да бидат на сила оние со кои се забранува собирање на повеќе од осум лица, како и ограничениот капацитет на луѓето во рестораните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот