Кери Лам не сака да си поднесе оставка, немирите во Хонг Конг продолжуваат

Првиот човек на извршната власт во Хонг Конг, Кери Лам, денеска изјави дека нема да поднесе оставка заради антивладините протести и денешниот генерален штрајк.

Хонг Конг е „на работ на многу опасна ситуација”, предупреди таа, наведувајќи дека моменталните протести се водени од прикриени мотиви што им се закануваат на просперитетот и безбедноста на овој полуавтономен кинески град.

– Не верувам дека во овој момент мојата оставка или на некои мои колеги ќе донесе подобра ситуација – рече Лам на прес конференција.

Таа кажа дека како шеф на извршната власт ја презела одговорноста за проблемите во градот и дека е одлучна да ја реши целата ситуација, пренесуваат американските медиуми.

Во текот на викендот во градот повторно имаше протести, што доведоа и до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите утринава ги блокираа возовите и ги повикаа работниците на генерален штрајк заради што е отежнат сообраќајот во градот, а откажани се и стотици летови од аеродормот во Хонг Конг.

Во Хонг Конг, град што минува низ најсериозната криза од 1997 година, кога делумно беше вратен во владеење на Кина, веќе два месеца траат протестите, што повремено прераснуваат во судири со полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот