Кендал Џенер: Заблеска во фустан за принцези (ФОТО)

profimedia

Кендал Џенер, една од сестрите од ријалити семејството Кардашијан, освои многу модни писти ширум светот и стана муза на познатите дизајнери.

Еден од светски најпознати хуманитарни случувања amfAR Gala Cannes се одржува во текот на Меѓународниот филмски фестивал во Кан. Целта на ова случување е собирање на средства за истражувачки програми, кои помагаат во борбата против сида и зголемување на свеста за оваа болест.

Гламурот, светките, познатите актери, супермоделите и високата мода го обележаа Кан. Овогодишната свеченост беше поспектакуларна отколку сите досега благодарениe на соработката на познатиот бренд H&M и италијанскиот дизајнер Џанбатиста Вали.

Италијанскиот дизајнер ја претстави својата нова линија на парти-фустани. Веќе од 25 мај неговите креации ќе се најдат на сајтот и во одбраните продавници на H&M ширум светот.

Црвениот тепих заблеска под чекорите на Кендал Џенер.

„Кендал не е само супермодел, она е ѕвезда. Она има таков вид на привлечност. Она е икона“, изјави Џанбатиста Вали.

Долгиот фустан ги остави сите без здив. За само неколку часа 111 милиони фанови на Кендал на Инстаграм реагираа на фотографијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот