Кејти Холмс во провокативно издание – Позирала за новиот број на „Vogue“ (ФОТО)

Instagram
инстаграм

Со својот стајлинг актерката Кејти Холмс често мами погледи и добива бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед, а истата реакција ја предизвикала и со последната фотографија која ја објави на Инстаграм.

Имено, славната актерка минатите денови снимила едиторијал за австралиското издание на престижното списание „Vogue“, и со бројните фанови на Инстаграм споделила две фотографии кои ќе се појават во наредниот број.

Холивудската миленичка позирала пред објективот на фото-апаратот, а со својот провокативен стајлинг никого не оставила рамнодушен.

Поранешната сопруга на Том Круз позирала во црно, откривајќи го својот затегнат стомак. За ова снимање Кејти Холмс носела модна комбинација резервирана само за оние најхрабрите, а станува збор за комбинација на топ и широко, големо сако и широки свилени панталони.

Црната комбинација на облеката актерката ја разбила со необични, кружни, златни обетки. Освен тоа, многумина изненадила и нејзината фризура. Станува збор за коса која е стилизирана во таканаречен „мокар изглед”, која идеално го потполнила нејзиното провокативно издание.

„Беше одлично да се работи со толку неверојатни жени”, напишала Кејти под фотографиите.

View this post on Instagram

@elleuk @danielclavero @fendi ❤️

A post shared by Katie Holmes (@katieholmes212) on

View this post on Instagram

@allisonbornstein6 @genevieveherr @bradleyirion #ysl

A post shared by Katie Holmes (@katieholmes212) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот