Кејт Мидлтон прв пат после пандемијата се појави во јавноста и ги запре озборувањата околу бременоста!

Фотографија: Profimedia

Кејт Мидлтон вчера се појави во гарден центарот кој е во близина на својот дом, кое беше нејзиното прво појавување во јавноста од март оваа година. Всушност, поради пандемијата од коронавирусот војвотката со месеци беше во карантин, а сега ја искористи можноста да поразговара со дел од работниците. Тие зборувале за заштита од вирусот, како и за нивната семејна работа која била запрена седум недели поради пандемијата.

профимедиа

Во исто време, принцот Вилијам ја посетил локалната пекара, разговарајќи со сопствениците и работниците за тоа како прекинувањето на работата влијаело на заработката и семејните финансии.

профимедиа

Иако јавноста претпоставуваше дека војвотката е бремена и дека поради тоа изгледа исцрпено и уморно, појавата на Кејт го потврди спротивното.

Всушност Кејт изгледала здраво и оптимистично во спортско издание носејќи црни панталони, светлосина кошула и елек. Како и во сите службени посети, војвотката била насмеана и расположена за дружење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот