Кејт Мидлтон испрати силна порака по повод Меѓународниот ден на жената
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон (44), испрати силна и охрабрувачка порака по повод Меѓународниот ден на жената. Таа ја сподели на социјалните мрежи својата порака, прославувајќи ги жените кои придонесуваат за нивните заедници низ светот.
Препорачано
„Денес славиме љубезност, отпорност и тивка сила на жените во нашите семејства и заедници“, напиша принцезата на своите социјални мрежи.

Принцезата од Велс исто така повторно сподели неколку фотографии на кои се истакнати жени кои вршат важни работи во разни организации. Таа секоја година го одбележува овој важен датум со пораки исполнети со надеж и поддршка за жените.
„Овој ден е ден кога треба да го препознаеме влијанието на жените кои негуваат и имаат надеж, кои охрабруваат други и помагаат светот да биде пољубезен и сочувствителен“, напиша таа.
Кејт повторно сподели неколку фотографии на кои ги истакна жените што работат во влијателни организации, како што се Ирам Сираж, меѓународно призната професорка по детски развој и образование на Универзитетот во Оксфорд, Хоуп Нгулубе, поранешна чуварка на природата во Conservation Lower Zambezi, и многу други.
Ова не е прв пат Кејт да ја користи својата платформа за да им оддаде почит на силните и инспиративни жени на Меѓународниот ден на жената. Минатата година, таа ја искористи оваа прилика да се сети на покојната фотографка Лиз Хатон, која почина од рак во ноември 2024 година на 18-годишна возраст, откако Лиз имала желба да се сретне со принцезата, која исто така ја делела нејзината страст кон фотографијата.
„Славиме сила и креативност на Лиз и нејзината мајка Вики Хатон“, напиша тогаш Кејт на социјалната мрежа Икс. „Беше чест да се запознаам со нив двете во Виндзор во октомври. Споменот на Лиз живее во непоколебливата отпорност на Вики. Ви благодариме за толку трогателниот момент #IWD2025.“


