Ќе ви замрзне крвта: Дали е ова најстрашниот филм снимен некогаш? (ФОТО)

(Фото: Принтскрин)

Многу гледачи го прогласија филмот „Pihu“ на „Netflix“ за еден од најстресните кои го изгледале во животот.

Веројатно е уште пострашно тоа што филмот е базиран на вистинска приказна.

Во филмот е раскажана приказната на малата Пиху, 2-годишно девојче чиј татко е на пат, а мајката неочекувано умира, па таа останува заробена во станот со мајчиното тело.

Она што за нас е обична домашна атмосфера, за Пиху одеднаш станува смртоносна замка.

Самиот трејлер е преполн со опасни ситуации, а индискиот режисер открил дека приказната е инспирирана од вистинска ситуација кога во 2014-та година едно дете во Њу Делхи останало заробено во станот со мртвите родители.

Погледнете го трејлерот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот