Ќе се уништува граната на патот помеѓу селата Долен и Среден Крушопек

Министерството за внатрешни работи извести дека денеска на патот помеѓу селата Долен и Среден Крушопек во 16.30 часот ќе уништување неексплодирана граната од минофрлач 120 милиметри.

– Гранатата беше пронајдена денеска во дол покрај патот помеѓу селата Долен и Среден Крушопек. Гранатата е активна и е без осигурувач на запалката. Поради тоа постои опасност за транспорт и гранатата ќе биде уништена на местото од Одделот за антитероризам, соопшти денеска МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да се воздржат од движење на тој пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот