Ќе се тестираат вработените во детските градинки

Истото важи и за здравствените работници и вработените во домовите за стари лица, тие ни се приоритетна група, рече Филипче.

Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје утврдиле дека за скринигот ќе се земаат брисеви од стоматолозите, од припадниците на МВР, таксисти, вработени во ЈСП и јавните служби. Од наредната недела ќе се прават околу 400 до 500 тестови согласно индикациите за критични групи. Преку PCR тестови во првата група ќе бидат опфатени вработените во градинките, здравствените работници и вработените во домовите за стари лица. Земањето брисеви за скринингот ќе се врши и преку матични лекари, но и преку матичните стоматолози, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Кога децата ќе се вратат во градинките, треба да бидеме сигурни дека нема асимптоматски носители на вирусот кај вработените во градинките. Тие ќе се тестираат. Истото важи и за здравствените работници и вработените во домовите за стари лица, тие ни се приоритетна група – рече Филипче.

Во Велес се бележи зголемување на новозаболените од Ковид-19 рече министерот за здравство.

– Денеска имаме зголемување на бројот на новодијагностицирани. Во следниве денови ќе следиме дали оваа бројка ќе покаже некаков тренд на зголемување или не. Засега, остануваат на сила сите мерки за заштита од коронавирусот – рече Филипче.

Филипче истакна дека стигнале 20 монитори, уште дополнителни од нивната вкупна помош 25.000 маски N95, 100.000 хирушки маски, 750.000 пара раквици, 10.000 заштитни очила, со што вкупната вредност на помошта од ЕУ заедно со респираторите, кои стигнаа или ќе стигнат, достигна 3,2 милиони евра.

Тој посочи дека ќе стигнат и 20 респиратори од Норвешка и со нив и 20-те респиратори од ЕУ и 15 ги потврдивме преку УНДП има значајно зголемување на бројот на респираторни машини.

Филипче додаде дека тоа е многу повеќе од две третини од вкупниот број респиратори со кој располага земјава, тие соодветно ќе се распределат и тоа е едно значајно зајакнување на здравствен систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот