Ќе продолжи реконструкцијата и реставрацијата на Цареви кули

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, денеска го потпиша договорот за грант од Европската унија и Владата за продолжување на реконструкцијата и реставрацијата на локалитетот Цареви кули, соопштија од општината.

Како што информираат општинските власти, проектот за локална и регионална конкурентност ги опфаќа реконструкцијата и реставрацијата на Цареви кули, осветлување на бедемите и кулите на тврдината, доуредување на трим патеката Ловен дом – Свети Илија, изградба, уредување, осветлување на пешачка патека Ловен дом – Цареви Кули и уредување на планинско велосипедска патека Чам чифлик – Свети Илија.

Проектите ќе почнат да се реализираат во почетокот на јуни и имаат за цел надградба на туристичката понуда на општина Струмица, заштита на културно-историското наследство, подобрување на пристапноста и туристичката инфраструктура, но и создавање на подобри и побезбедни услови за граѓаните на општината за спорт, рекреација и прошетки на ридовите над градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот