ЌЕ ГО СПАСИ ЛИ МАКРОН? Џонсон побара од францускиот лидер да го „истурка“ Договорот за Брегзит

Фото: Профимедиа

Британскиот премиер Борис Џонсон побара од францускиот претседател Емануел Макрон да „истурка“ обезбедување на договор за Брегзит, соопштни синоќа кабинетот на британскиот лидер, а пренесе „Курир.рс“.

Џонсон му рекол на Макрон дека и Европската Унија не треба да се потпира на тоа дека Велика Британија ќе остане во ЕУ и по 31 октомври, пренесува „Ројтерс“.

Како што се наведува, Џонсон за својот предлог за Брегзит разговарал со Макрон и со португалскиот премиер Антионио Коста.

– Ова е можност да се постигне договор. Договорот кои го поддржуваат парламентарците и договор кој подразбира компромис за сите страни. Британија направи голема, важна понуда, меѓутоа, време е и Европската екомисија да ја покаже својата војлја за компромис. Доколку тоа не се случи, Британија ќе ја напушти ЕУ без договор – кажал официјален претставник на Даунинг стрит.

Според пишувањата на британските медиуми, се додека се приближува крајниот рок за Брегзит (31 октомври), Џонсон се почесто напоменува дека нема да има уште едно одложување на излзез на Британија од ЕУ, но и дека нема да го прекршува законот кој бара повторна постапка, ако до 19 октомври не е креиран договор за повлекување од унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот