Казни за петмина прилепчани кои не биле во домашна изолација

Сообраќај / фото МИА

Тие се осомнечени за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Одделението за внатрешни работи од Прилеп поднесе кривични пријави за четворица прилепчани за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Тие се осомнечени за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. Станува збор за Т.Т. (38), С.Т. (68),Т.А. (55) и А.Б. (44).

Пријавените за време на пандемија пристигнале во државата од ризични држави, при што при влез во државата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за домашна изолација, кои тие не ги почитувале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот