Казнети стотина возачи

Во текот на изминатиот ден (30.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 28 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 23 возачи од кои: три возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 19 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, три возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, 17 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, четири возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатите денови издадени се 70 мандатни платни налози и 64 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот