Казнети 136 возачи поради затемнети стакла и користење флешери

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Санкционирани се 136 учесници во сообраќајот во периодот од 01.09.2023 до 30.09.2023 во спроведената од сртана на Министерството за внатрешни работи акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

– При контролата санкционирани се 136 учесници во сообраќајот, од кои 133 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и три санкции за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираа денеска од МВР

Полицијата продолжува со засилени акциски контроли продолжуваат во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот