На територија на град Скопје изречени се вкупно 303 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции.

Казна од 2000 евра и 6 месеци забрана да вози: Дрогиран возел по улиците на Улцињ

Дваесетипетгодишниот А. Г. од Улцињ, Црна Гора, денеска експресно е прогласен за виновен и е осуден на парична казна од 2000 евра затоа што синоќа бил запрен со возило и било утврдено дека вози под дејство на наркотици, објави rtcg.

„На 13 октомври 2025 година, тој беше суден во итна постапка по обвинението на Управата за полиција на ОБ во Улцињ, со кое беше обвинет за управување со возило под дејство на наркотични дроги синоќа околу 21:20 часот“, се наведува во соопштението на Судот за прекршоци во Будва.

Оттаму додаваат дека судијката му изрекла заштитна мерка забрана за возење во траење од 6 месеци, како и максимален број казнени поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот