Каземиро негира трансфер во Ал Наср, останува во Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Каземиро демантираше дека кариерата ќе ја продолжи во Ал Наср и истакна дека е среќен во клубот од Олд Трафорд, пренесува британски „Мирор“.

Каземиро (31) пристигна во Манчестер јунајтед во 2022 година од Реал Мадрид.

Се објавија шпекулации дека искусниот Бразилец би можел да му се приклучи на поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“ Кристијано Роналдо во клубот од Саудиска Арабија.

– Среќен сум во Манчестер. Сè овде е неверојатно. Од првиот ден овде бев срдечно пречекан од клубот, играчите и навивачите. Среќен сум што градот и клубот ми нудат. Задоволен сум што ќе му помогнам на клубот да се врати на патот на успехот. Среќен сум овде – изјави Каземиро.

Тој оваа сезона одигра 12 натпревари за Манчестер јунајтед и постигна четири гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот