Катица Јанева зела 157.000 евра бонуси

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии“ објави  „Призма“.

Министерството за финансии завчера преку базата ги објави сите буџетски трошоци од 2010 година наваму, освен основните плати на вработените во администрацијата и затоа не може да се дојде до официјална информација за висината на личниот доход на Јанева.

Целосните примања на Јанева беа предмет од особен интерес на јавноста уште од самото формирање на СЈО, меѓутоа тие официјално не можеа да бидат потврдени бидејќи обвинителството дел од примањата ги класифицираше како тане додаток пишува „Призма“. Сите инсистирања за сумите досега се сведуваа на претпоставки, а Јанева одбегнуваше да соопшти колку вкупно пари зема како шефица на Специјалното јавно обвинителство.

Најголем дел од дополнителните 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.

Целото истражување прочитајте го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот