Катица Јанева поднесе оставка

Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за специјален јавен обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија им ветив дека функцијата специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена, напиша на официјалната страница на СЈО обвинителката Катица Јанева.

„Чест ми беше да ѝ служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезервно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја.

Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник.

Дозволете, јавно да се заблагодарам на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција.

Ја користам приликата да се заблагодарам на сите граѓани и на медиумите кои со довербата во нас и поддршката која ја даваат се ветер во грб за одговорната работа која ја вршиме. Бев и ќе останам подготвена да се борам за подобро утре на сите граѓани на Република Северна Македонија“, напиша Јанева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот