Каспер Руд доби полуфинале и финале во ист ден за титула во Женева

фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Норвешкиот тенисер Каспер Руд направи преседан во историјата на машкиот тенис откако ја освои титулата на турнирот во Женева, Швајцарија.

Поради временските неприлики Руде беше принуден да го продолжи мечот со Флавио Коболи од Италија на два дена и да го започне во петок, а да заврши во сабота.

По речиси два часа тенис, Руд во саботата го совлада Коболи со 1:6, 6:1, 7:6 (4), за во текот на денот да мора да игра и финале. И таму го совлада Томаш Махач со 7:5, 6:3 за час и 48 минути игра.

Махач пристигна мотивиран по победата над првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ во три сета од полуфиналето во петокот (6:4, 0:6, 6:1), но и повеќе одморен пред мечот со Руд.

Тоа не го спречи Норвежанецот да покаже разлика во квалитет во однос на 44 тенисер во светот во два сета.

Махач подобро го отвори мечот и направи брејк во третиот гем, поведе со 2:1, потоа се одиграа неколку блиски гемови, а пред крајот на сетот Руд со брејк по зачуван сет го врати резултатот на 5:5 после спасена сет топка за чешкиот тенисер.

До крајот го удвои брејкот и го искористи падот на Махач и поведе со 1:0. Во вториот сет Руд одигра многу подобро и во вториот гем направи брејк кој го спаси до крајот за победа, титула од турнирот од серијата 250.

Ѓоковиќ призна: Загрижен сум, не играм добро оваа година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот