Ѓоковиќ призна: Загрижен сум, не играм добро оваа година

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно не успеа да освои трофеј и беше поразен во полуфиналето на турнирот во Женева од Томаш Махач.

Ѓоковиќ се одлучи да настапи на турнирот со послаба конкуренција како подготовка за Ролан Гарос бидејќи доживеа рана елиминација и во Рим, па така немаше доволно натпревари на земјена подлога.

Дополнителен проблем за Ѓоковиќ може да биде повредата која ја заработи во овој меч, а можеше да се забележи и дека не е во најдобра физичка подготовеност. Самиот Новак по мечот не криеше дека е загрижен поради ситуацијата во која се наоѓа.

„Секако дека сум загрижен, не играм воопшто добро оваа година, освен на неколку мечеви. Работите се такви какви што се. Не се гледам како фаворит во Париз, ќе се обидам да одам чекор по чекор. Денеска се чувствував навистина лошо“, изјави Ѓоковиќ.

Во Франција прв противник на Ѓоковиќ ќе му биде Ербер од Франција. Ако нешто не се промени во формата на Ѓоковиќ тешко дека српскиот тенисер може далеку да стигне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот