Новак Ѓоковиќ елиминиран од турнирот во Женева!

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе остане без трофеј сезонава и по турнирот во Женева. Денеска најдобриот светски тенисер во овој момент беше елиминиран од Томаш Махач со 1:2 во сетови.

Во првиот сет Ѓоковиќ имаше предност од 4:1, но потоа Махач успеа да влезе во серија од пета гема за 6:4 и така поведе со 1:0.

Ѓоковиќ изгледаше доминантно во вториот сет кога на противникот не му дозволи да освои ниту еден гем, но потоа одново несфатливо дојде нов пад во неговата игра.

Махач во третиот одлучувачки сет на Ѓоковиќ му дозволи да освои само еден гем (6:1) и така обезбеди пласман во следната рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот