Касиљас се враќа во фудбалот на голема врата

twitter/SMFutball

Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас планира да се кандидира за претседател на фудбалската федерација на Шпанија, пренесува ЕСПН.

Според американската телевизија, која се повикува на добро информирани извори, Касиљас планира да биде еден од кандидатите на изборите кои треба да се одржат есенва. Тој веќе имал средба со челнивите на Порто на кои им ја соопштил својата одлука.

Како главен противкандидат на Касиљас на изборите се очекува да биде актуелниот претседател на Федерацијата, Луис Рубијалес.

Инаку, Икер Касиљас сè уште официјално не е во пензија, тој е член на Порто иако минатата година доживеа срцев удар за време на еден од тренинзите со екипата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот