Карпошани вечер ќе уживат во музичка забава со диџеј Бабура Џуниор

Саботна музичка забава вечер од 19:30 до 21:30 часот ќе организира Општина Карпош на покривната површина на Трговскиот центар „Сити мол”. Преку овој настан, Општината ги повикува сите карпошани во овој период од денот да излезат на терасите од своите домови и да уживаат во добра музика.

За музичкиот дел, задолжен ќе биде DJ Babura Junior, а како што се наведува во соопштение, настанот ќе може да се следи и во живо на фејсбук страниците на општината и DJ Babura Junior.

-Карпош продолжува да пулсира во духот на урбаното, во духот на маалскиот соживот и меѓугенерациска дружба. DJ Babura Junior ќе не потсети на голем број диско хитови, ретро македонска и странска музика. Во период на полициски час, ќе имаме можност да уживаме во добра музика и да дадеме поддршка на домашната музичка сцена, соопштија општинските власти.

Општината ги повикува сите карпошани, особено оние кои живеат во околината на „Сити мол”, да излезат на своите тераси, од своите домови да бидат дел од овој настан, кој, како што посочуваат, ќе се карактеризира и со голема интерактивност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот