Каратистите на Заншин До Битола со 17 медали од балканските турнири во Охрид и Скопје
Битолските каратисти од карате клубот Заншин До се вратија од балканските турнири „Охрид опен 2026“ и „Солидарност опен 2026“ со два златни, четири сребрени и 11 бронзени медали.
Препорачано
„Охрид опен 2026“ се одржа на 3 мај 2026 година во Охрид на кој настапи клубот со тројца натпреварувачи во седум категории и се врати со два сребрени и три бронзени медали.
Николај Петковски се закити со сребро во категорија -45 кг. кумите 2016 со три победи, додека со бронзен медал се закити во категорија ката 2016 год. и борби 2014 год -46 кг. Јована Јовановиќ освои сребро во ката женски 2016 год, додека Тамара Стојановска има бронза во категорија ката 2017 год.
Од „Солидарност опен 2026“ кој се одржа во Скопје на 17 мај 2026 година со златен медал се вратија Тамара Стојановска 2018 год. ката и Дамјан Митановски 2020 год. ката. До сребрен медал дојде Алексеј Петковски во кати 2018 год, а до бронзен: Елена Јончевска, Михаил Марковски и Каја Темелковска во ката тим кадети/јуниори, Тамара Стојановска, Алексеј Петковски и Лана Бејковска во ката тим 2017/1018 год, Николај Петковски во 2014 год -46 кг. кумите, Лана Бејковска ката 2017 год. женски, Стофија Стојковска ката 2015 год. женски. Михаил Костурски се закити со две бронзи и тоа во ката 2014 и 2013 и Илина Шобевска во ката 2013 год.
Успешно реализирани турнири, а сега следи голем историски настап за Заншин до како клуб и Битола како град. Во периодот од 27 мај до 01 јуни 2026 година, Бојана Бошкова во кати и Николај Петковски во кати и борби како дел од македонската карате репрезентација ќе учествуваат во Истанбул, Турција. Битола на ова Балканско првенство оди со двајца натпреварувачи и селекторот во кати Стевка Јанковска Петковска.


