Каратистите на Макпетрол освоија пет медали на „Гранд при Кроација“

фото: Медалисти на Макпетрол, со тренерот Петар Заборски

Изминатиов викенд во Самобор, Хрватска се одржа најмасовниот и најквалитетниот Меѓународен карате турнир „Гранд при Кроација“. На турнирот во Хрватска учествуваа 1800 каратисти од 25 држави, односно 292 клуба.

Македонскиот карате клуб Макпетрол освои пет медали од кои два златни и два сребрени, и еден бронзен медал. Уште на самиот старт Светските актуелни вицешампиони Витомир Трајковски -84 кг и Стефан Стојановиќ + 84 кг, успеаја да влезат во финалните борби во своите категории. Трајковски со пет последователни победи се закити со златниот медал, додека пак Стојановиќ дојде до среброто. Во истата возрасна категорија постари јуниори Викторија Јовановска -61 кг (У21) беше бронзена.

Резултати У-21:
-84 кг
Витомир Трајковски – Андреј Ангеловски 3-0
Витомир Трајковски – Сотипос Трагас од Грција 2-0
Витомир Трајковски- Антонио Мартиќ (Хрватска) 2-0
Витомир Трајковски – Јакуб Полијак (Словачка) 1-0
Финале
Витомир Трајковски – Андреј Ангеловски 3-0+84 кг

Стефан Стојановиќ – Урош Миркуљевиќ (Словенија) 10-0
Стефан Стојановиќ – Лука Квесиќ (Хравтска) 3-0
Стефан Стојановиќ – Дарио Глухиниќ (Хрватска) 1-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Сандро Кресиќ (БиХ) 0-4

Викторија Јовановска – Емина Шиповиќ (БиХ) 3-7
Репасаж
Викторија Јовановска – Лаура Лисац (Хрватска) 1-0
За бронза
Викторија Јовановска – Марина Куртеш (БиХ) 8-2

Потоа следеа одличните преставувања и уште едно финале за јуниорката Јована Мицовска -59 кг, таа со одлично прикажани борби стигна до златниот медал, додека пак Димитар Лозановски исто така успеа да влезе во финалето и да го освои сребрениот медал.

Резултати – јуниори-ки

Јована Мицовска јуниорка -59кг Златен медал

-59 кг – златен
Јована Мицовска – Ирене Муртано (Италија) 1-0
Јована Мицовска – Бланка Полоњова (Словачка) 0-0
Јована Мицовска – Емануела Коцкаревиќ (Хрватска) 3-0
Јована Мицовска – Дарја Шнајдер (Хрватска) 2-0
Финале
Јована Мицовска – Невена Филипов (Србија) 1-1

-75 кг – сребрен
Димитар Лозановски – Тео Црногај (Хрватска) 3-2
Димитар Лозановски – Фарис Синановиќ (БиХ) 4-1
Димитар Лозановски – Цене Божиќ (Словенија) 4-1
Димитар Лозановски – Тома Милета (Хрватска) 2-1
Финале
Димитар Лозановски – Марио Јануци (Италија) 1-5

Задоволни сме од настапот на нашите каратисти на овој турнир. Макпетрол на турнирот настапи со вкупно 10 каратисти. Репрезентативците Петар Заборски, Петар Спасеновски и Глигор Петков настапија на ревијалниот турнир во сениорска конкуренција, во апсолутна категорија. Тројцата наши сениори имаа по неколку победи и задоволни сме и од нивниот настап. Турнирот претставува главна контрола за возрасните категории на кадети, јуниори и постари јуниори (У21).

Терминот за одржување на овој турнир секогаш е непосредно пред терминот за официјалното Европско првенство за овие возрасни категории. Па од таа причина најголем број на национални репрезентации, последните свои проверки ги прават на овој натпревар, оваа година учествуваа национални тимови од 25 држави. Планот за учество на младинскиот тим на Макпетрол на овој силен турнир, беше да се направи контрола на спортската форма на репрезентативците кои треба да настапат на Европското првенство во Ларнака, Кипар од 3-5 февруари 2023 година – вели тренерот на Макпетрол, Петар Заборски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот