Каракачанов ќе протестира, ама не кај клубот „Никола Вапцаров“, полицијата на готовс во Благоевград
Протестот кој за денеска го најави бугарската партија ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов во Благоевград, во знак на несогласување со отворањето македонски културен клуб во овој град, нема да се одржи блиску до клубот „Никола Вапцаров“ подалеку од местото на клубот, пред споменикот на Гоце Делчев, во центарот на градот, јави бугарската телевизија „Нова“.
Препорачано
Телевизијата јавува и дека полициска патрола во цивилно возило дежура пред објектот во Благоевград, во кој денеска ќе биде отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“. Репортерот на бугарската ТВ Нова во јавувањето во живо известува дека на околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња, што вообичаено се случува на државни празници, но, според репортерот, денеска е очигледна намерата да се испрати порака до тие што ќе присуствуваат на отворањето на македонскиот клуб.
На денешното отворање од Македонија присуство најавија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на Левица Димитар Апасиев, додека претседателот Стево Пендаровски ќе испрати претставник од неговиот кабинет, а премиерот Димитар Ковачевски рече дека нема да оди во Благоевград.


