Карагер за коментарите на Конте: Сака да добие отказ

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Aнтонио Конте во текот на вчерашниот ден предизвика бурни реакции по ремито на неговиот тим со Саутемптон (3:3).

По оваа средба Конте отворено го критикуваше раковдството и истакна дека управата премногу ги разгалува фудбалерите.

„Ист сопственик 20 години и без освено трофеј. Зошто? Секогаш вината се префрла на менаџерот. Секогаш се ризикува да се наруши имиџот на менаџерот за да се заштити другата страна (фудбалерите). Можете да ги менувате менаџерите, но ситуацијата ќе остане иста. Вака не може…Не сакам да го гледам повеќе она што го гледав денес. Тоа е неприфатливо за мене и навивачите“, гласеше дел од изјавата на италијанскиот стратег.

Денес на оваа тема се огласи поранешниот фудбалер на Ливерпул и денешен стручен коментатор, Џејми Карагер. Карагер смета дека Конте ваквите критики ги упатил свесно и неговата намера е да добие отказ.

„Конте сака да биде отпуштен за време на репрезентативната пауза“, порача Карагер.

Конте во изминатиот период се шпекулираше со неколку клубови, меѓу кои и имаше и од неговата татковина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот