Антоан Семењо/фото: EPA/ADAM VAUGHAN

Капитенот на Борнмут ги осуди расистичките навреди кон Семењо за време на дуелот со Ливерпул

Капитенот на фудбалерите на Борнмут, Адам Смит, реагираше луто на наводните расистички навреди упатени кон соиграчот Антуан Семењо за време на поразот од Ливерпул со 4:2 на „Енфилд“.

Натпреварот, кој беше во чест на починатиот Диого Жота, беше привремено прекинат во 28 минута откако напаѓачот пријави расистички навреди упатени кон него.

Видливо вознемирениот гански интернационалец го пријави инцидентот кај судијата Ентони Тејлор, кој се консултираше со двајцата менаџери, Арне Слот и Ентони Ираола, како и со капитените Вирџил ван Дајк и Смит. 47-годишен маж подоцна беше отстранет од стадионот, а полицијата од Мерсисајд потврди дека е започната целосна истрага.

По натпреварот, Смит не го криеше својот бес, осудувајќи го инцидентот како срам за фудбалот:

– Апсолутно неприфатливо. Шокиран сум што се случи ова. Во денешно време не треба да се случува. Не знам како Антуан успеа да продолжи да игра и да ги постигнува тие голови. Жал ми е за него – малку е тажен. Нешто мора да се направи. Ќе го поддржиме и се надевам дека е добро. Сакав да реагира бидејќи тоа би го направил и јас – веднаш би интервенирал. Но, тоа покажува каков човек е, не реагираше во моментот, продолжи да игра, а потоа му кажа на судијата. Да ги постигне тие голови потоа покажува каков карактер има. Почит за Антуан – беа зборовите на Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот