„Капитал Газет“ доби Пулицер за известување за пукањето во нивната редакција

EPA-EFE/Rod Lamkey Jr.

Локален весник од САД „Капитал Газет“ доби Пулицерова награда за известувањето на масовното пукање кое се случи во нивните канцеларии. Но немаше прослава за новинарите кои што ја добија најпрестижната награда во американското новинарство, тие тивко се собраа и споделија сеќавања за нивните пет колеги кои што беа убиени во јуни минатата година.

„Капитал Газет“ добија 100 илјади долари од комитетот на Пулицер за понатамошно финансирање на весникот.

На денот на убиството на нивните пет колеги, весникот успеа вечерта да го затвори утрешниот број и да го пушти во продажба.

Пулицер добија и „Њу Јорк Тајмс“ и „Вол Стрит Журнал“ за нивните истраги за претседателот на САД, Доналд Трамп.

Двајца новинари кои се во затвор во Мјанмар поради нивното известување за масакрот на Рохигна малцинството во Мјанмар за „Ројтерс“, исто така добија награда.

Пејачката Артета Френклин постхумно доби награда за музички заслуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот