Пулицерова награда постхумно за Арета Френклин

Фото: Profimedia

Дивата на соулот Арета Френклин, која почина во август минатата година, доби престижна награда за својот придонес во музичката уметност

Музичката легенда Арета Френкил, која во август минатата година почина по борба со ракот на панкреасот, е добитничка на специјалната награда Пулицер за придонес во амриканската музичка култура.

Пејачката е прогласена за добитничка на признанието во понеделникот, на церемонија на која е истакнат нејзиниот „исклучителен придонес во амреиканската музика и културата во текот на повеќе од пет децении“.

Арета Френклин е првата жена која е добитничка на ова признание за музички заслуги, откако церемонијата е востановена во 1930 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот