Канапеи со чаден лосос

СОСТОЈКИ:

– 1 пакување листесто тесто

– 1 жолчка

– 1 пакување крем-сирење

– 2 пакувања филети од чаден лосос

– анасон, магдонос, капари (по избор)

ПОДГОТОВКА:

Развлечете го тестото во правоаголник и со калап исечете форми по желба (кругови, коцки итн.). Секое парче тесто со нож засечете го плитко, по внатрешната страна од рабовите, на оддалеченост од неколку милиметри, а потоа во средината избоцкајте ги со виљушка.

Вака подготвените теста ставете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги рабовите со изматена жолчка и ставете да се пече во рерна загреана на 200 степени. Печените теста извадете ги да се изладат. Потоа на средината ставете прво по 1-2 лажици крем-сирење, а одозгора по едно парче чаден лосос. Посипете со саканиот зачин (анасон, магдонос или капари) па послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот