Кампања за мобилизација на нови згрижувачки семејства кои ќе се грижат за деца под специфичен ризик

Фото: МТСП

Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ денеска промовираа комуникациска кампања која има за цел да привлече нови згрижувачки семејства, кои би можеле да се грижат за деца под специфичен ризик

Во последниве неколку години во Република Северна Македонија интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма. Секоја наредна година се стремиме да бидеме што подобри, работиме кон исполнување на најдобрите можности за децата без родители, изјави министерката Јованка Тренчевска.

Таа ја истана важноста од поддршката на згрижувачките семејства и информираше дека со рефорамите во системот на социјална заштита првпат се предвидени центри за поддршка на згрижувачки семејства кои треба да вршат промоција на услугата згрижување во семејство, подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки, како и следење и давање на поддршка на постојните згрижувачки семејства.

Во моментот на територијата на Република Северна Македонија има 360 згрижувачки семејства во кои се згрижени 608 деца. Според Тренчевска спроведувањето на ваквите кампањи треба да придонесе кон зголемување на бројот на згрижувачки семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот