Камила Кабело ги критикуваше навивачите на Лига на шампионите: Пееја химни за време на мојот настап

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Пејачката Камила Кабејо ги критикуваше навивачите кои пееле за време на нејзиниот настап на финалето на Лига на шампионите на „Твитер“.

Таа беше повикана да настапи пред почетокот на натпреварот во Париз додека Ливерпул се подготвуваше за борбата против Реал Мадрид.

Но нејзиниот настап и почетокот на натпреварот доцнеа околу 30 минути поради проблеми надвор од стадионот. Хаотичната сцена се случила пред стадионот „ Stade de France“ додека навивачите се мачеле да влезат внатре, а наводно поради сè, интервенирала и полицијата која ги испрскала навивачите со солзавец, пишува „Mirror“.

До моментот кога Камила го започна шоуто, стотици места на стадионот сè уште беа празни. Два часа по последниот свиреж, Камила твитна како навивачите пееле химни толку гласно за време на нејзиниот настап што таа не се слушнала.

„Повторно го гледав мојот настап и не ми се верува дека фановите толку гласно ги пееја химните на нивните клубови додека настапував. Јас и мојот тим неуморно работевме долго време за да го приредиме шоуто“, напиша таа.

„Многу некултурно, но сеедно. Мило ми е што ви се допадна“, заклучи таа.

Таа наскоро ги избриша твитовите.

фото: твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот