Камчев вчера бил повторно однесен на клиника

Фото: СП. / Драган Митрески

Бранителите на Јордан Камчев сопштија дека Камчев вчера бил повторно однесен на клиника за кардиологија во Скопје. Тој имал гушење, главоболка и се чувствувал многу лошо, а во КПУ затворот во Скопје немало дежурен лекар., затоа била викната брза помош, пришто било констатирано дека Камчев има зголемен крвен притисок.

 

Утрово, и покрај примената терапија од брзата помош во текот на вчерашната вечер, Јордан Камчев повторно бил во лоша здравствена состојба и со возило на брзата помош е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје. По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата Камчев е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот