Калин Ивановски има пад за 12 позиции на АТП листата

фото: mtftennis.mk

Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски на најновата објавена АТП ранг-листа има пад за 12 позиции и се наоѓа на 341 место со 149 поени.

Падот се должи на фактот што Ивановски има и осум поени помалку од претходната недела.

Горазд Србљак без промена на поените -10 има скок за две места и се наоѓа на 1065 позиција. Обрад Марковски има пад за 160 позиции и е рангиран на 1605 место со два поени, или еден помалку од претходно.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 679 место со 71 поен и скок за шест места, а Берк Бугариќ има пад за едно место и е на 1352 место со 16 поени.

Марковски е рангиран на 1866 место со пет поени (скок за две места). Елдин Хусеиновиќ е на 2137 место (пад за две позиции) со три поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот