Калифорнија: Направиле дупка на кров и побегнале од затвор, властите нудат 5.000 евра за оној кој ќе ги пронајде

Полицијата од округот Монтереј во САД објавила фотографии од двајца затвореници, кои побегнале од затвор во Калифорнија.

Тие се осомничени за две убиства, а според првичните информации, се чини дека побегнале од дупка која ја направиле во тоалетот во затворот во Салинас.

21-годишниот Сантос Самуел Фонеска и 20-годишниот Џонатан Салазар успеале да побегнат преку направената дупка која била широка 55 сантиметри.

Канцеларијата на шерифот нуди награда од 5.000 долари

Мажите побегнале од затворот во Салинас, јужно од Сан Франциско, а и двајцата ги очекува судење поради убиство.

Поради тоа, канцеларијата на локалниот шериф е во потрага по двајцата бегалци, а понудена е и награда од 5.000 долари за оној кој ќе понуди информации за нив или ќе ги пронајде.

****UPDATE: CASH REWARD BEING OFFERED****We are offering a $5,000.00 reward on information that leads to the capture…

Publiée par Monterey County Sheriff's Office sur Dimanche 3 novembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот